„Њујорк пост“: Ова е политичкиот крај на Бајден

Од:

Дебатата на претседателските кандидати го означи крајот на претседателствувањето на Бајден. Милиони телевизиски гледачи го следеа шокантниот настап на актуелниот американски претседател, пишува „Њујорк пост“.

Погледот на Бајден беше збунет и уништен. Единствените позитивни моменти беа кога претседателот молчеше. Затоа што кога ја отвори устата, неговиот говор беше целосно некохерентен.

Нему му беше поставено прашање за абортусот, а тој почна да зборува за злосторства меѓу мигрантите.

„Навистина не знам што рече на крајот од таа реченица. И мислам дека не знае што рече“, забележа Трамп во еден момент.

И тогаш Бајден само замрзна. И тука администрацијата веќе нема да може никого да обвинува дека го клевети претседателот – сите видоа како се случи тоа. Бајден нема да го преживее ова, пишува „Пост“.

Да му се дозволи да се кандидира за втор мандат не е ништо друго освен политичка злоупотреба. Тимот на Бајден цела недела се подготвуваше за дебатата, а она што сите го видоа вчера беше најдоброто што можеше да го направи. Ова не може, а да не предизвика ужас.

Замислете се да остане како што е и Бајден да остане во трката. Да претпоставиме дека тој дури и победи во ноември. Неговата состојба ќе продолжи да се влошува и сигурно нема да може да донесе правилни одлуки. И ова ќе биде катастрофа за САД, тврди американскиот весник.

Во текот на дебатата, актуелниот станар на Белата куќа не даде ниту еден одговор за инфлацијата или за неуспешната имиграциска политика, две од најзагрижувачките прашања за гласачите. Бајден беше толку неартикулиран, толку несигурен, што немаше поим за фактите, а тоа го засени се друго.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва