Во Њујорк стапи во сила одлуката на градоначалникот според која се укинува поделбата на женски и машки тоалети.
Жителите и посетителите на Њујорк можат да ги користат тоалетите кои се во сопственост на градот според сопствените чувства за родот, а не според полот, пренесува порталот Н1.
ЛГБТ популацијата, која во Њујорк брои околу 25.000 припадници, верува дека овој потег ќе помогне во промовирањето на нивните права.
Одлуката на либералниот њујоршки градоначалник Бил де Блазио во пракса значи дека транссексуална личност која се чувствува како жена, иако според полот е маж, може да влезе во кабината за жени.
Одлуката се однесува и на јавните базени, гардероби и слични места.