Нинсто: Ќе се договориме со Турција за влезот на Финска во НАТО

Од:

Финска и Шведска ќе можат да постигнат договор со Турција за приговорите на Анкара за приклучувањето на двете нордиски земји во НАТО, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

– Изјавите од Турција многу брзо се сменија и станаа посериозни изминатите денови. Но, сигурен сум дека со конструктивен дијалог ќе ја решиме ситуацијата, тврди Нинисто.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно најави дека делегациите на тие две земји наскоро ќе ја посетат Турција со цел да ја убедат Анкара да го одобри нивниот прием во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година