Ново избраниот претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека мораат да се запрат судирите на Косово и дека е важно да се отстрани стравот кај граѓаните.
На седницата на Советот за национална безбедност, што вчера се одржа во Белград, секој добил задачи во рамки на своите ингеренции.
„Сите разговораат со службите со кои соработуваат на тоа поле, војската со КФОР, а нашата влада мора со ЕУЛЕКС и УНМИК администрацијата за тоа сериозно да разговара“, рече тој.
„Бидејќи денеска се зборува за масовно симнување на регистерски таблички од автомобилите на граѓаните од северот на Косово, не можеме да седиме мирни, ниту можеме да молчиме пред тоа што се случува на Косово“, истакна Николиќ.