Николас Мадуро ги заплаши со древно проклетство сите што нема да гласаат за него на изборите

Од:

Времениот претседател на Венецуела Николас Мадуро ги заплаши со древно проклетство сите оние кои нема да го дадат својот глас за него на предвремените претседателски избори, кои ќе се одржат на 14 април.

Тој го спореди својот противкандидат – опозиционерот Енрике Каприлес, со шпанските агресори, кои освојувале јужноамерикански територии во 15. и 16. век.

– Доколку некој гласа против Николас Мадуро, тогаш ќе гласа против себе и ќе го следи проклетството на Маракапана, истакна Мадуро на митингот во државата Амасонас, имајќи ја предвид битката кај местото Маракапана во 16. век, кога шпанските војници убиле голем број Индијанци, кои се стари жители на континентот.

– Ако победи буржоазијата, тие ќе почнат да ги приватизираат здравството и обарзованието. ќе ја земат земјата на Индијанците и проклетство ќе го следи секој оној што ќе гласа за Каприлес, додаде Мадуро.

Николас Мадуро беше назначен за наследник на претходниот шеф на државата Уго Чавес, кој почина на 5 март од рак.

Резултатите од сите спроведени анкети досега покажуваат дека на изборите ќе победи претседателскиот кандидат на владејачката Единствена социјалистичка партија на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот