Николас Мадуро е новиот претседател на Венецуела

Од:

Кандидатот на владејачката партија во Венецуела Николас Мадуро е избран за претседател со 50,7 проценти од гласовите, на вчерашните избори или со 300 илјади гласа разлика, соопшти изборната комисија.

Мадуро ќе продолжи со социјализамот, следен од неговиот претходник Уго Чавес.

Противникот на Мадуро, гувернерот на сојузната држава Миранда Енрике Каприлес, доби 49,1 отсто од гласовите.

Комисијата по пребројување на 99 проценти од гласовите објави дека резултатите од изборите се неповратни и повика тие да се почитуваат.

– Ние не сакаме насилство, сакаме мир, изјави Мадуро во обраќањето кон народот.

Кандидатот на опозицијата Енрике Каприлес објави дека нема да ги признае резултатите од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот