Николај Патрушев: Можен е судир помеѓу арапските држави и Иран

Од:

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев изјави дека воена операција во Јемен може да предизвика сериозен судир помеѓу арапските држави и Иран .

-Се повеќе држави учествуваат во судирот, а меѓу нив се и Бахреин, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Мароко, Пакистан и Судан. Ситуацијата може да прерасне во голем судир помеѓу сунитите и шиитите, а потоа да ескалира во остар судир помеѓу арапските држави и Иран- рече тој за весникот „Известија“.

Според него Јемен има важна географска положба, бидејќи има пристап до Црвеното море и Аденскиот залив и практично ги контролира Баб ел Мандеб, моурезот преку кој на годишно ниво поминуваат и до 20.000 пловила.

-Желбата постоечкиот однос на силите во регионот да се смени во нечија корист, може да доведе до долгогодишна војна, истакнал Патрушев.

Секретарот на Советот за безбедност на Русија рекол и дека ескалација на судирите во Јемен може да има влијание на преговорите за иранската нуклеарна програма.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани