Никола Саркози повторно мавта со Шенген

Од:

Долгото 40 минутно интервју на Никола Саркози за вториот канал на јавниот нациоанелн телевизиски сервис на Франција, потврди дека поранешниот француски претседател има поголема амбиција од таа да биде само лидер на опозициската Унија на Ународното движење (УМП), јави дописникот на МИА од Париз.

Во својот настап Никола Саркози како да сакаше да ја претстави својата програма за 2017 година, кога се предвидени идните претседателски избори.

За поразот во 2012 година, тој признава дека прв пат ги видел снимките од неговиот говор по поразот од Франсоа Оланд, но нагласува дека во „моето срце и мојата глава ја чувам секоја скунда од овој момент. – Ако изгубив, тоа е моја одговорност. Нема индивидуален успех, неможе да се успее сам. Се обидов да направам колку што можев подобро. рече тој.

– Без сомневање имам многу порази, и не претендирам дека се направив добро, Но јас не лажев. Сетете се на почетокот од дебатата со Франсоа Оланд. Јас не излажав, беше категоричен Никола Саркози.

Саркози одби да прави карикатура и рече дека не сака да го користи времето на ТВ за да го критикува неговиот наследник. Овие две години од манадатот на Оланд, според Саркози биле посветени на уништување на она што тој го направил. Обвинувајќи дека неговиот наслендик го мисли најлошото за него, но дека тој не мисли ништо лошо за него. Тој не ги суди премиерот и претседателот според нивните говори, туку според она што го прават.

Тој се надева дека Франсоа Оланд ќе оди до крајот на неговиот мандат.

За причините за враќањето на политичката сцена, поранешниот шеф на француската држава објасни дека станува збор за една „одлука која долго зреела“.

– Прашањето не е да се знае дали јас сум спасителот, јас никогаш не верував во спасител. Франција, за мене е како втора природа, тоа е мојата земја, ја сакам, јас ќе живеам само овде… Никогаш не сум видел толку безнадежност, толку многу незадоволство, толку големо отсуство на перспектива. И не велам дека тоа е вина само на Господинот Оланд, вели Саркози.

Според Саркози, има разлика меѓу она да се смета како спасител, што тој не е, и да ја предложи неговата работа и енергија. – Не само што сакам, туку немам избор. Морам да и вратам на татковината, она што таа ми го даде, наведува Саркози.

За идните противници Никола Саркози, рече дека тој дошол пред ТВ камерите не да биде казнидат за претседател на Републиката во 2017 година, туку да создаде услови за обедиунување кои одат подалеку од поделбите меѓу левицата и десницата.

– Потребен е лидерство. Но, нема да бидам сам. Алан Жипе го запознав кога имав 20 години, тој е придружник, човек за кој имам доверба. Додека Франсоа Фијон, тој беше премиер пет години. Работевме заедно. Имам потреба од него, додава Саркози.

Што се однесува до екстремно десничарскиот Национален Фронт, Никола Саркози не сака да верува дека во една земја која е петта светска сила, луѓето можат да веруваат во Марин Ле Пен која се залага за изолација на Франција. – Французите не веруваат во Марин Ле Пен. Мислам дека тие се плашат, дека страдаат, дека ние ги разочаравме. Потребно е повторно да ги освоиме, додаде Саркози, кој во предизборната кампања во 2012 година отворено водеше политика блиска до барањата и ставовите на Националниот Фронт.

Притоа Саркози, го обвини премиерот Мануел Валс дека бил задоволен, кога Марин Ле Пен меѓу двата круга на претседателските избори рекла дека не треба да се гласа за него.

Во однос на неговите проблеми со судството – имено неговото име се споменува во осум судско-финанскио-политички афери и во едно од нив има и обвиненеие против него, Саркози се покажа борбен. Тој тврдеше дека ако имал нешто да си припише, тој немало да доаѓал да зборува неговото враќање во политиката.

– Вие ми позајмувате само два неврони на интекегенција: Ако се плашев, дали ќе дојдев под рефлекторите? – Не сум граѓанин како другите граѓани, но не сум граѓанин над другите граѓани. Бесот ме напупти, но не ја сакам неправдата.Кој ќе ми ја врати честа? Не мислите ли дека тоа ги служи судбините на други лица?, додаде Саркози. Тој притоа рече дека може да се брани, но дека чека да биде суден за тоа што е направено, а не за тоа што тој е.

За финансирањето на неговата предизборна кампања во 2012 година и на неговата матична партија УМП, Саркози рече дека неговата кампања не ги чинела ништо Французите, бидејќи УМП поради нерегуларностите во сметките мораше да ја плати целата сума потрошена за кампањата, додека на Марин Ле Пен, на Фрасоа Оланд или на кандидатт Шеминад, кој како главна цел имаше да оди на Марс, им биле вратени потрошените пари .

Околу неговите планови за 2017 година, бидејќи никој не мисли дека Саркози ќе се задоволи само да претседава со УМП и потоа местото кандидат за претседател на Франција ќе му го препушти на наекој друг, тој вели дека треба да има сила за обединување како во 2007 кога за него гласаа 53 отсто од Французите, а во 2012 година 48 проценти. Тој ќе се обиде да ги убеди неговите пријатели од УМП дека караниците околу нивните ега се смешни.

Притоа Саркози предложи воведување на институцијата референдум во францускиот систем, нешто што постои, но кое се користи ретко и кога се користи, како што велат противниците на референдумот, Французите гласаат против владата, а не за прашањто поставено на референндумот.

Но, Саркози е убеден дека „референдумот е клучот“ и дека „по извесен број на прашања народот е тој кој треба да пресечи“.

Во однос на Европа, Никола Саркози се покажа многу остар кон Шенген зоната, нешто што беше карактеристично и за крајот на неговиот мандат, кога имиграцијата беше главната тема.

– Околу имиграцијата, нема потреба да се биде од екстремната десница за да се разреши проблемот. Но, требаше да кажам порано дека Шенген, во сегашнава форма, не е возможен, смета Саркози.

За надворешната политика , Саркози се покажа солидарен со Оланд во однос на Ирак и помошта која му ја пружа на Багдад. Но, доста критичен кон политиката која ја води за украинскат криза.

– Тој можеше да му се јави на телефон на Путин и да му кажи: „не сум согласен со она што вие го правите“, изјави Саркози.

Ова беше втората етапа од враќањето на Никола Саркози на политчката сцена, првата беше на интернет, а следува митингот во четврток, тој со ова сака да ја избегне споредбата на неговото враќање во политиката со таа на поранешниот социјалситички премиер Лиоенл Жоспен и на поранешниот претседател Валери Жискар д’Естен. Двајца никогаш не успеаа да се вратат вистински во политиката и да се стават во ситуација да бидат повторно можни претседателски кандидати.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано