Канада не планира да достави огнено оружје на Украина, изјави канадскиот министер за одбрана Роберт Никлсон денеска во Брисел, јави ТАСС.
На новинарско прашање дали Канада е подготвена да почне со испорака на оружје на Укриана, при пристигнувањето на средбата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел канадскиот министер за одбрана изјави:
– Отава потпиша со Киев договор за соработка, во рамките на кој доставуваме несмртоносна воена опрема и ќе продлжиме во таа насока, изјави Никлсон.
Во интервју за германскиот весник „Велт“ украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика земјите од Алијансата да достават на Украина модерно оружје, со цел Киев успешно да се заштити од проруските сепаратисти.