Ниинисто: Членството на Финска во НАТО би било штетно за односите со Русија

Од:

Членството на Финска во НАТО сигурно ќе биде штетно за нејзините односи со Русија, изјави финскиот претседател Саули Ниинисто во интервју за весникот „Вашингтон пост“.

Тој истакна дека не е против НАТО и смета дека присоединувањето на неговата земја во овој сојуз е можно, но околу ова прашање треба да има слободен избор.

– Пред 20 години беше лесно за Финска да стане членка на Алијансата, бидејќи тогаш Русија беше многу слаба, нагласи Ниинисто.

Финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја во интервју за истиот весник нагласи дека прашањето за членство на земјата во НАТО речиси воопшто нема да биде споменато за време на предизборната кампања за парламентарните избори, кои треба да се одржат следната година на пролет.

– Ниту една партија нема интерес да тргне по тој пат. Конзервативците и Шведската народна партија го поддржуваат влезот во НАТО, но не и електоратот, и затоа тие нема да го отворат ова прашање, додаде шефот на финската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море