Нигериските власти осуетиле планови на Боко харам

Од:

Нигериската служба за државна безбедност денеска соопшти дека осуетила планови на борци на Боко харам за напади врз Амбасадата на САД и на Велика Британија во Абуџа.

Службата сооопшти дека уапсила пет членови на исламистичката група а 25 и на 26 март.

– Групата веќе имала испланирано напади врз британската и американската Амбасада, како и врз други западни интереси во Абуџа, се посочува во соопштението на нигериската служба за државна безбедност.

Службата реагирала откако на 22 март привела еден припадник на Боко харам во североисточната сојузна држава Јобе, кој открил детали од заговорот.

Дипломатските мисии на САД и на Велика Британија во Абуџа се уште не ги коментираат наводите на Службата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он