Нигериските бунтовници во североисточниот дел на земјата убиле 56 лица

Од:

Исламистички екстремисти,во текот на последните денови на минатата недела, во североисточниот дел на Нигерија убиле 56 лица.

Во напад врз џамија загинале 44 лица, а 12 други во напад врз друго село, соопштија локалните власти.

– Вооружени мажи, за кои се претпоставува дека се членови на вооружената исламистичка група „Боко Харам“, влегле во џамијата и отвориле оган, убивајќи 44 муслимани, посочи член на владата, кој побара анонимност.

Истиот извор дополни дека нападот се случил во неделата во селото Конгуда.

Од мај во североисточниот дел на Нигерија е прогласена вонредна состојба. Армијата води жестока офанзива за да ја уништи „Боко Харам“.

Во нападите и атентатите на „Боко Харам“ и соодветните напади на силите за безбедност од 2009 година се загинати најмалку 3.600 лица, посочуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он