Нигерискиот претседател предупреден од сопругата

Од:

Нигерскиот претседател Мухамаду Бухари е предупреден од неговата сопруга дека таа нема да го поддржи, на следните претседателски избри, ако не ја реорганизира Владата.

Во интервју за Би-Би-Си, Ајша Бухари рекла дека ваквата нејзина реакција е последица на тоа што претседателот не ги познава најголемиот број од високите функционери на Нигерија, што ги именувал.

Таа тврди дека Владата била „киднапирана“ и открива дека само неколкумина биле зад него и зад именувањата што ги има направено како претседател.

Бухари беше избран за претседател во 2015 година, ветувајќи дека ќе се пресмета со корупцијата и со непотизмот во владината администрација.

Одлуката на сопругата Ајша јавно да му се закани на сопругот претседател на државата, предизвика шок во нигериската јавност.

Аналитичарите во главниот град Абуџа проценуваат дека тоа го покажува нивото на незадоволство во земјата, за тоа како Бухари работи како претседател.

Ситуацијата во домашната економија е мошне лоша, па Нигерија од август е во рецесија, правата по десет години, како последица на драстичниот пад на цената на суровата нафта и на девалвацијата на домашната валута.

Дури 70 отсто од приходите на државата доаѓаат од нафтата.

При изборот за претседател, Бухари изјави дека тој никому не му припаѓа, како и дека тој е шеф на државата на сите Нигеријци.

Неговата сопруга сега вели дека претседателот не познава 45 од вкупно 50 функционери кои ги има именувано, но дека ниту таа не познава никого од нив, иако е во брак со Бухари 27 години.

Ајша Бухари (45) е 23 години помлада од претседателот Бухари. Таа за Би-Би-Си рекла дека се уште не знае дали тој ќе се кандидира за следните избори, во 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он