Нигериската војска денеска соопшти дека ослободила 160 жени и деца во операцијата против исламистите од групата Боко Харам во шумата Сабиса, два дена откако беше ослободена групата од 300 заробени во истата зона.
Во соопштението шпто го пренесува агенцијата Фена се наведува дека „во истата операција се убиени една заложничка и еден војник, додека осуммина заробеници и четворица војници се ранети“.
Војската во вторникот соопшти дека од камповите на Боко Харам во шумата Самбиса ослободила 200 девојчиња и 93 жени .
Боко Харам практикува масовни грабнувања, а според податоците на невладината организација Амнести Интернешенел, оваа исламистичка група досега грабанала околу 2.000 жени заради присилна работа и сексуално ропство.
Некои дури биле присилувани да се борат во првите боребни линии со исламистичките милитанти, тврди Амнести врз основа на собраните сведоштва.
Нигериската војска за време на операцијата изведена неделава „исчистила неколку кампови за терористичка обука“ и притоа запленила опрема и возила.