Нигериската Влада подготвена за преговори со Боко Харам

Од:

Нигериската Влада соопшти денеска дека е подготвена за преговори со исламистичката милитантна група Боко Харам, околу ослободувањето на повеќе од 200 ученички.

Нигерискиот министер за специјални работи Танаму Турани за Би-Би-Си изјави дека „доколку Боко Харам се навистина подготвени за разговори и искрени во најавите, тогаш водачот на групата треба да испрати некои од своите доверливи луѓе, за да се преговара за нигерскиот комитет за помирување“.

Пред крајот на минатиот месец, припадниците на оваа група која дејствува во североисточните делови од Нигерија, грабнаа околу 300 ученички и ги одведоа во непознат правец. Шеесетина од нив подоцна побегнаа од своите киднапери.

Владата на претседателот Гудлак Џонатан ветуваше дека „ќе направи се што е потребно“ за да се најдат и спасат ученичките, но одбиваше да преговара со оваа терористичка група, одговпрна за смртта на повеќе илјади лица, како и за низа терористички напади.

Врз Владата во Абуџа се врши силен притисок од родителите на грабнетите ученички, како и од меѓународната заедница, која се понуди да помага во откривањето и спасувањето на младите девојки.

Официјален Париз предложи идната сабота во Париз да се одржи специјален африкански самит за Боко Харам, на кој покрај Нигерија и нејзините соседи би учествувале и ЕУ и САД.

Претходно се тврдеше дека ученичките веќе се продадени како „сексуални робинки“, иако таа информација не беше од никого потврдена. Вчера беше прикажана првата фотографија на 130 од ученичките, како читаат стихови од Куранот. Некои од родителите на грабнатите, ги препознале на сликата своите ќерки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он