Исламистичкиот лидер на нигериската група „Боко Харам“, Абубакар Шекау и вети лојалност на Исламска држава (ИД) во аудио порака објавена вчера.
– Изјавуваме дека сме му верни на муслиманскиот калиф Ибрахим ибн Авад ал Хусеини Кураши, вели гласот во пораката објавена на Твитер налогот на „Боко Харам“.
Кураши, познат како Абу Бакр ал Багдади, е лидер на џихадистичката група ИД, која прогласи калифат во делови на Ирак и Сирија.
Припадниците на „Боко Харам“ вчера извршија неколку напади во кои загинаа најмалку 58 лица, а 140 се повредени во градот Маидугури во североисточниот дел на Нигерија.