Армијата на Нигерија знае каде се чуваат грабнатите ученички,но армиските сили нема да се обидуваат да ги спасуваат,изјави началникот на Генерал-штабот на армијата,воздухопловниот маршал Алекс Бадех.
Тој вели дека станува збор за „добра вест за родителите на девојчињата„,Бадех, сепак, потврди дека војската не сака да тргне во спасувачка операција,затоа што се смета дека таа би била мошне ризична.
– Не може да одиме по ученичките и притоа да ризкуваме некоја од нив да настрада,при обидот тие да бидат ослободени од заробеништвото, рече Бадех.
Овој висок нигериски воен функционер инсистира дека тоа не значи откажување од планот сите ученички да бидат најдени и вратени кај нивните родители.
Повеќе од 200 ученички,во април оваа година,беа грабнати од нивното училиште,на североистокот од Нигерија, од вооружени припадници на исламистичката,терористичка група Боко Харам и одведени во непознат правец.
Претходно беше откриено дека владата во Абуџа и групата се блиску до постигнување договор,за пуштање на 50 од грабнатите ученички,за ослободување од нигериските затвори на 100 затвореници на Боко Харам.
Таквиот договор пропадна затоа што по специјалниот самит во Париз за дејствувањето на оваа терористочка група,нигерискиот претседателот Гудлак Џонатан се откажа од идејата за постигнување договор,без да даде било какво објаснување.
Ученичките кои во најголем број се христијанки,се верува дека се одведени во тешко достапните,шумски региони на сојузната нигериска држава Борно,на тромеѓето со Чад и Камерун.