Нигериската армија ослободила 61 заробеници на групата „Боко Харам“

Од:

Нигериските вооружени сили убиле четири лица, осомничени дека се членови на “Боко харам”, и ослободиле 61 лице, главно жени и деца, кои оваа исламистичка група ги држела во заробеништво во северната држава Борно, соопшти нигериската армија, цитирана од француските медиуми.

Армијата, со поддршка од воздух,  извела копнена операција врз камп на „Боко Харам“ меѓу селата Бита и Дамбоа.

„Евакуирани се  61 заробеници, главно жени и деца. Убиени се четворица терористи и еден е приведен“, соопшти армијата.

На 28 октомври нигериската армија соопшти дека ослободила 338 заробеници на „Боко Харам“, меѓу кои 192 деца и 138 жени, во операција исто така во државата Борно.

Засега нема податоци дали меѓу ослободените жени има некоја од 200-те гимназијалки, кои борците на “Боко Харам“ ги грабнаа во април 2014 година, исто така, во државата Борно.

Во востанието предводено од „Боко Харам“ од 2009 година се убиени најмалку 17.000 лица, а над 2,5 милиони се раселени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он