Нигериската армија ослободи 200 девојки и 93 жени при операција за ослободување на Самбиса од исламистичката вооружена група „Боко Харам“, соопштија нигериската армија.
– Денеска на пладне војската ослободи 200 девојки и 93 жени од шумата Самбиса, се наведува во вчера објавеното соопштение.
Во операцијата на армијата уништени се три кампови на екстремисти.
Во април минатата година „Боко Харам“ киднапира над 200 ученички во близини градчето Чибок, што предизвика меѓународно негодување и протести.
Самбиса е поранешен колонијален резерват во североисточниот дел на Нигерија, на околу 100 километри од Чибок.
Киднапираните минатата година од исламисти на „Боко Харам“ над 200 нигериски ученички не се меѓу ослободените жени и девојки во вчерашната операција на армијата, соопшти полковникот Сани Усман.