Нигериската армија ја поврати контролата врз градот Бага од борците на Боко Харам

Од:

Нигериската војска денеска соопшти дека повторно го зазела градот Бага, на североисток од земјата, што исламистичката терористичка група Боко Харам го држеше под своја контрола од 3 јануари.

Во соопштението на војската се истакнува дека во оваа акција имало доста жртви и дека операцијата на „чистење на теренот“ е се уште во тек, пренесуваат француските медиуми.

Се стравува дека Бага беше средиште на најголемите ѕверства на Боко Харам од почетокот на нивното делување, пред шест години. Има индиции дека стотици лица, можеби и повеќе, се убиени при освојувањето на овој град на езерото Чад од страна на борците на Боко Харам. Значителен дел од градот во таа прилика бил запален, како и уште 12 населби од околината.

Освојувањето на Бага и базата на мултинационалните сили Дорон Бага во нејзина  близина беше од стратешко значење за Боко Харам, бидејќи тоа на оваа група и даваше контрола врз сите три национални гранични линии на нигериската сојузна држава Борно.

На нигериските трупи во последните неколку недели им се приклучија и воените сили од Нигер, Чад и Камерун, што е знак за се поизразената свест за регионалната закана која Боко Харам ја претставува.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он