Нигериските власти воведоа забрана за сообраќајот во две североисточни држави во Нигерија поради планираните масовни убиства на христијани од страна на екстремисти за време на божиќните празници.
Забраната стапува во сила за државата Борно, која е упориште на групата Боко Харам. Таму се забранува движење на сите превозни средства од 18 часот вечерва до седум часот изутрина в недела.
Полесни забрани се воведени и во државата Јобе, каде возилата нема да имаат право да влегуваат и излегуваат од земјата. Тие ќе имаат право да се движат слободно во градовите во текот на денот, но не и преку ноќта.