Нигериската армија соопшти дека во градот Магадали во североисточниот дел од државата две жени извршиле самоубиствен бомбашки напад при што загинале 30 луѓе и ранети се 57.
Портпарол на армијата рече дека податоците за жртвите се добиени од луѓе кои се во градот.
– Агенти на безбедносните служби презедоа контрола врз подрачјето за да се избегне нов напад, изјави портпаролот на армијата.