Повеќе од 57 отсто од училиштата во државата Борно во Нигерија се затворени, а со тоа повеќе од три милиони деца остануваат лишени од правото на едукација, соопшти УНИЦЕФ.
Во извештај се нагласува, дека во бунтот на Боко Харам на север во државата загинале повеќе од 2.300 наставници од 2009 година и речиси 1.400 училишта се уништени.
Во осумгодишниот бунт на Боко Харам во регионот околу езерото Чад досега загинаа повеќе од 20.000 луѓе.