Нигерија: Толпа луѓе запали жив маж, бидејќи украл тенџере супа

Од:

Маж во јужниот дел на Нигерија е избоден со нож и запален жив од толпа луѓе, бидејќи украл тенџере супа, јавуваат локалните медиуми.

Изгорениот труп на жртвата бил оставен пред едно училиште во пристанишниот град Калабар, во југоисточниот дел на Нигерија, објави дневниот нигериски весник „ДисДеј“.

Според весникот мажот заедно со уште двајца други украл тенџере супа од приватен дом, но биле пресретнати од група соседи, кои чуле повици за помош.

Толпата го фатила мажот, што ја носел супата, и прво го нападнала со нож, а потоа го запалила.

Полицијата го осуди убиството. Весникот „ДисДеј“ цитира полицаец, според кој секој осомничен е невин до докажување на неговата вина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он