Најмалку 489 луѓе, повеќето деца, починале во Нигерија како последица на менингитис, соопштија денеска претставници на нигериското Министерство за здравство.
Во Нигерија се потврдени 4.637 случаи на менингитис, а Владата покрена кампања за вакцинирање на повеќе милиони луѓе ширум земјата.
Најпогодена е државата Замфара на север, каде починале 216 лица.
Менингитисот се појавил во декември минатата година.