ВИДЕО: Нигерија не се согласува да ги размени девојчињата за екстремистите

Од:

Нигерија денеска ја одби понудата од лидерот на исламистичката организација Боко Харам, Абубакар Шекау да ги пушти од затвор уапсените екстремисти во замена за ослободување на речиси 300 киднапирани девојчиња.

– Не е Боко Харам таа која може да поставува услови, изјави нигерискиот министер за внатрешни работи Аба Моро коментирајќи ја новата водео-снимка на која Шекау изјавува дека девојчињата ќе бидат ослободени кога екстремистите ќе бидат пуштени од затвор.

Боко Харам денеска објави нова видео-снимка на која се тврди дека киднапираните девојчиња преминале во ислам и оти тие нема да бидат ослободени се додека екстремистите не бидат пуштени од затвор.

Шекау на видео-снимката зборува 17 минути, а потоа се прикажани 130 девојчиња во хиџаб како се молат на неопозната селска локација.

Вкупно 276 девојчиња се киднапирани на 14 април во градот Чибок, североисточна Ниогерија во државата Борно, каде живеат голем број христијани. Околу 233 се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи