Најмалку 21 лице загина, а 17 се повредени во експлозија на бомба во трговски дел од нигериската претстолнина Абуџа, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила во момент кога Нигеријците се подготвувале да го проследат фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Нигерија и Аргентина на Светското првенство во Бразил, во дел од градот кој изобилува со трговски центри и продавници.
Оваа експлозија е последна во низата напади, за кои се осомничени исламистичките екстремисти од групата „Боко Харам“, која според ЕУ и ОН е терористичка организација.
Инаку „Боко Харам“ е основана пред 10 години и нејзина цел е создавање исламска држава на север на Нигерија.
Е. Г.