„Ние не сме Либија или Судан“: Техеран ги обвинува Западот и Израел дека планираат граѓанска војна во Иран

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолјан денеска ги обвини Израел и разузнавачките служби на западните земји дека планираат да започнат граѓанска војна во Иран и да ја поделат таа земја.

Амирабдолајан го изјави ова еден ден откако седум лица беа убиени во југозападната иранска провинција Кузестан, во напад што иранските државни медиуми го опишаа како терористички, пренесува Ројтерс. „Гардијан“ наведува дека меѓу жртвите има и деветгодишно момче кое било во автомобилот со својот татко.

„Различните безбедносни служби, Израел и некои западни политичари кои правеа планови за граѓанска војна, уништување и распаѓање на Иран, треба да знаат дека Иран не е Либија или Судан“, напиша Амирабдолјан во објавата на „Твитер“.

Тој додаде дека Иранците нема да паднат на такви планови.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он