Осумте момчиња кои беа спасени од пештерата во северен Тајланд, меѓу првите нешта кои ги кажаа во болницата беше дека им недостасува нивниот дом.
„Ни недостасува домот“, рекоа момчињата кои истакнаа дека се среќни, пренесе Би-Би-Си.
Во следните неколку денови медицинските лица ќе направат дополнителни анализи, и доколку бидат пронајдени инфекции, родителите ќе можат да влезат во болничките соби, во кои децата се сместени.
Во утринските часови започна третата фаза од операцијата за спасување. Во пештерата останаа четири момчиња и нивниот тренер. Официјалните лица очекуваат со денешната акција сите да бидат спасени.