НФЛ играч е тешко ранет: Момче го застрелало во градите, лекарите се борат да го спасат

Од:

Играчот на Сан Франциско 49ерс, Рики Персал, беше застрелан во градите во центарот на Сан Франциско.

Според странските медиуми, тој бил застрелан во градите при обид за грабеж во центарот на Сан Франциско. Персал засега е во стабилна состојба, потврдија од клубот.

Според информациите од полициската управа во Сан Франциско, 17-годишно момче се обидело да го ограби Персал додека се движел сам околу 15 часот и 30 минути по локално време.

Началникот на полицијата Вилијам Скот на прес-конференција рече дека осомничениот испукал повеќе истрели, погодувајќи го и Персал и себеси.

– Осомничениот пукал неколку пати, ранувајќи го господинот Персал и себеси. Веруваме дека ова е обид за грабеж и прилично сме сигурни за тоа. Се чини дека осомничениот делувал сам, а во престрелката било употребено само едно оружје и истото е пронајдено – рече СКот.

Би можело да ве интересира

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски