Независни руски медиуми: Путин е подготвен за преговори ако Донбас остане дел од Русија

Од:

Еден од последните независни руски медиуми Медуза денеска објави дека Путин е подготвен за преговори, но не без услови.

Според нив, рускиот претседател е подготвен руските трупи да се повлечат од Херсон и од целиот регион. Но, за да се случи тоа, Украина треба да се согласи на некои големи работи.

Како што пишува Медуза, Крим воопшто не би бил дел од преговорите бидејќи Путин имплицира дека останува руски. Исто така, едно од барањата е анектираната област Донбас да остане дел од Русија.

Ова се неофицијални информации и тешко е да се замисли дека Украина би се согласила на ваков договор во овој момент.

Во последните неколку недели Украина спроведува доста успешна контраофанзива, а претседателот Володимир Зеленски постојано повторува дека војната ќе заврши кога ќе бидат ослободени сите украински територии, вклучително и Крим.

Исто така, Украина пред неколку дена објави дека немаат намера да преговараат со Русија додека Владимир Путин е на нејзино чело, но се подготвени да разговараат откако тој повеќе не е на власт.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски