Независна Шкотска ќе мора да аплицира и за членство во НАТО

Од:

Евентуалната независна држава Шкотска ако сака да биде членка на НАТО ќе мора да аплицира за прием и ќе биде третирана како и секоја земја претендент за влез во Алијанса, соопшти претставник на Североатланскиот пакт.

Реакцијата од Брисел доаѓа по тврдењето на Единбург дека ако Шкотска се отцепи од Велика Британија и стане независна држава по автоматизам ќе биде примена во Алијансата, врз основа на британското членство.

Правниците во шкотскиот главен град веруваат дека тоа право е стекнато затоа што како дел од Обединетото Кралство, шкотската територија веќе со децении е дел од НАТО.

Правните експерти во Брисел, меѓутоа, објаснуваат дека Алијансата ќе се раководи според одредбите на меѓународното право, според кое, независна Шкотска ќе биде третирана како нова држава, па за членство во НАТО ќе и биде потребна согласноста од сите 28 земји-членки, како што е предвидено со Статутот на овој воено-политички сојуз.

Толкувањето од Брисел уследи по предавањето на првиот министер на Шкотска Алекс Салмонд во Вашингтон и по неговата изјава дека тој е „сосема сигурен“ оти НАТО веднаш и без никакви предуслови ќе ја прифати Шкотска во своите редови.

Според Салмонд, тоа „право“ Шкотска го има како поранешен дел на Велика Британија. Тој верува дека проблеми околу членството нема да има и по прогласувањето на земјата за зона без нуклеарно оружје, на што инсистира владејачката сепаратистичка Шкотска национална партија (СНП).

Претходно, идентично толкување за зачленувањето на независна Шкотска во меѓународоните сојузи, даде и Европската комисија, која оцени дека евентуалната идна независна држава би морала да аплицира за прием и да ги исполни условите што се бараат од секоја земја-кандидат за членство во ЕУ.

Референдумот за независност на Шкотска ќе се одржи во септември идната година.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје