„Независимаја газаета“: Најмалку три милиони преносители на вируси има меѓу имигрантите во Русија

Од:

Секој петти имигрант во Русија е носител на вирусна инфекција – туберколоза, сифилис, хепатит, СИДА, се вели во анализи на Министерството за здравство.

Според Независимаја газета, бројот на имигрантите е речиси 15 милиони и меѓу нив има најмалку три милиони преносители на вирусни инфекции.

Имигрантите од Средна Азија (најбројни) не може да се лекуваат во Русија бидејќи според руските закони тие треба да плаќаат за здравствена услуга.

Политикологот Михаил Ремизов во изјава за весникот вели дека проблемот со болестите меѓу имигрантите во Русија е голем и се должи на слабата контрола на државата.

Од Таџикистан, Казахстан и Киргистан се договорија да се изготват специјални медицински документи за секоја имигрант или да бидат со исти права како и руските бездомници. Луѓе од ЗНД со трауматски повреди или тешки заболувања може да бидат примени во болница бесплатно најмногу три дена, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство