Невреме во САД: Најмалку тројца загинаа, а половина милион луѓе останаа без струја во неколку држави

Од:

Најмалку три лица ги загубија животите, а повеќе од половина милион луѓе останаа без струја во американските држави Пенсилванија, Охајо и неколку други поради бура.

Во Пенсилванија, 425.000 корисници се без струја, а во Охајо, 40.000, објави АП. Илјадници луѓе останаа без струја и во соседните држави, Мичиген, Њујорк и Западна Вирџинија. Метеоролозите предупредуваат дека утре доаѓа уште една бура.

Бурниот ветер собори дрвја и далноводи, а властите предупредија дека може да потрае една недела за целосно да се обнови електричната мрежа.

Маж бил усмртен од струја во Пенсилванија додека се обидувал да изгасне пожар во близина на далновод, соопшти полицијата.

На сличен начин загинал 22-годишен маж, додека 67-годишен маж загинал кога врз него паднало дрво во близина на Питсбург. Властите ги предупредија жителите во погодените подрачја да бидат внимателни поради паднатите далноводи и паднатите дрвја.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема преговори со САД

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран