Невообичаен ултиматум за филипинските „привелегирани“ затвореници

Од:

Филипинската министерка за правда Леила де Лима денеска испрати ултиматум до „привелегираните“ осуденици од затворот Билибид, според кој до пред Божик тие треба да го предадат скриенопто оружје, наркотиците и парите од кои дел во два претреса неделава откри специјалната полиција.

Филипинската јавност беше шокирана по откривањето на податоците дека во познатиот затвор во близината на Манила осудените за криминал живееле во прилично луксузни ќелии во вилска населба, во која имало и џакузи и стриптиз бар.

Затворот Билбид има капацитет за 8.900 затвореници, но во него сега се сместени 23.000 осуденици. Тоа не ги погодило привелегираните криминалци кои имале и поддршка на затворската управа и според „Манила тајмс“’ и во затворот се чувствувале како кралеви.

Иако беше највено дека за ваквата состојба во затворот ќе одговараат сите што работат таму, до сега само тројца од управата се притворени поради истрага, формално, за да се открие кој ги известил привелегираните затвореници дека доаѓа рација од специјалците, а тие имале време да ги скријат недозволените, но за нив дозволени работи.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски