Невладините здруженија ќе го слават заминувањет на Вацлав Клаус од претседателската функција

Од:

Мандатот на чешкиот претседател Вацлав Клаус завршува за три недели и додека неговите блиски соработници се подготвуваат на достоен начин да му се заблагодарат за соработката, граѓанските здруженија на кои тој им беше „трн во окото“ се подготвуваат за славење.

Акцијата „Прослава на заминувањето на Вацлав Клаус“, која е закажана за 7 март, на последниот ден од мандатот на шефот на чешката држава, веќе има повеќе од 2.000 приврзаници на социјалната мрежа ,,Фејсбук”, јави дописникот на МИА од Прага.

– Настанот ќе се одржи, но не знаеме како ќе се справиме со фактот дека за претседател беше избран Милош Земан, изјави за весникот „Право“ Јан Латал од здружението „Дружина“.

Заминувањето на стариот и доаѓањето на новиот претседател на Чешка ќе биде симболично означен со две поворки.

Едната ќе тргне од Прашкиот замок каде се наоѓа Претседателската резиденција и ќе запре на Карловиот мост од каде на симболичен начин во реката Влтава ќе биде фрлена маска со ликот на Вацлав Клаус.

– Потоа во воздухот ќе пуштиме балони со портретот на Милош Земан за да потенцираме дека нема да има никакви промени во досегашната политика на претседателот, додава Латал.

Официјалната програма за збогување со Клаус засега се држи во тајност, а според претседателката на чешкото Собрание, актуелниот шеф на држават ја одбил поканата да присуствува на свечена седница на двата Дома на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот