Неверојатно, родена идентична тројка!

Од:

Шантел Пинчон од Англија роди идентична тројка зачната по природен пат за што шансите се од 200 милиони спрема 1.

20-годишната Шантел ги роди Роуз, Лекси и Руби седум недели пред терминот, но трите сестри се во одлична состојба.

Шантел и нејзиниот свршеник, 24-годишниот Реди, веќе имаат 9-месечно бебе, а велат дека втората бременост не била планирана.

-Не планиравме толку брзо да забременам, но секако дека бременоста беше добредојдена и со радост ги прифативме вестите дека повторно ќе станеме родители, вели Шантел.

Но тие се изненадиле кога на ехо се видело дека Шантел е бремена со идентична тројка.

Трите бебиња моментално се на интензивна нега, но докторите велат дека тие се одлично и напредуваат како што треба.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ