Чудни работи се случуваат. Ние можеме да одлучиме дали ќе ги сметаме невообичаени, безначителни коинциденции или уште една игра на некој кој управува со овој свет.
Кога Морган Робертсон во 1898 година го објавил романот “Futility, or the Wreck of Titan“, бил само еден од низата американски писатели. Меѓутоа, 14 години подоцна јавноста за неговото дело се заинтересирала како никогаш порано, а полемиките се водат до ден денешен.
Романот има приказна за патничкиот брод Титан, кој, бидејќи се сметал за непотоплив, немал доволно чамци за спасување. На патот кон Њујорк, една априлска вечер удрил во санта мраз и потонал во северен Атлантик. Иако по катастрофата на вистинскиот Титаник, романот повторно го објавил со мали измени, сличностите останале шокирачки.
Две години по несреќата, тој го објавил романот “Beyond the Spectrum“ во кој се станува збор за напад на Јапонците врз Сан Франциско. Американците потоа смислуваат ново оружје кое со ултравиолетови зраци го заслепува непријателот.
Многу критичари во оваа содржина пронашле сличност со Втората светска војна и атомската бомба.
Подеднакво интересна коинциденција се случила во 1979 година во германското списание Дас Бестеран, кога редакцијата објавила натпревар за најдобра приказна. Единствен услов било приказната да биде со необична содржина, базирана на вистински настан.
Победникот, Валтер Келнер од Минхен, пишувал за авантурата кога меѓу Сицилија и Сардинија возел со авион Цесна 421. Поради дефект на моторот бил принуден да слета на море, каде во помошниот чамец чекал да го спасат.
Објавената победничка приказна ја пролитал еден Австриец, исто така, Валтер Келнер, обвинувајќи го својот истоименик дека е плагијатор. Австрискиот Келнер тврдел дека се возел со ист тип на авион, над истото подрачје, доживеал дефект на моторот, но слетал на Сардинија. Новинарите на редакцијата ги провериле двете приказни и двете биле вистински!