Неуспешен тест на израелскиот ракетен штит „Ероу 3“

Од:

Првиот тест на израелскиот напреден ракетен штит „Ероу“ денеска беше неуспешен, јавија израелски безбедносни извори.

Операторите на батеријата Ероу 3 во воздушната база Палмахим на брегот на Средоземното Море го одложија лансирањето на ракетата пресретнувач, бидејќи таа не се „закачи“ на целната ракета која е истрелана над Медитеранот, изјави анонимен извор од израелската армија.

Одбројувањето до лансирањето веќе почна, но ништо не се случи, изјави изворот, додавајќи дека е донесена одлука да не се испукува ракета пресретнувач, пренесува Танјуг.

„Ероу“ е еден од неколку елементи што го сочинуваат израелскиот воздушен штит создаден како обранбен механизам против можни ракетни напади од Иран, Сирија и нивните сојузници Хезболах и Хамас во Либан и Појасот Газа.

Израелското министерство за одбрана соопшти дека во рамки на подготовките за тестирање на пресретнување била истрелана ракета цел.

На прашањето дали планираното пресретнување не успеало, портпаролот на министерството не дал директен одговор. „Ероу 3’ пресретнувачот е дизајниран да лета над земјината атмосфера, каде нивните боеви глави се одвојуваат и стануваат сателити камикази, кои влегуваат во трага на рекетите и ги пресретнуваат. Уништувањето на цели на така голема висина е со цел за безбедно уништување на рекетни, биолошки или хемиски ракети.

„Ероу“ е заеднички развиен со компанијата „Боинг“ од САД. Претходната верзија „Ероу 2“ е распоредена на позиции пред десетина години и има успешност на тестовите од околу 90 отсто.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци