Неуспешен тест на интерконтинентална ракета на француските сили

Од:

Тест на француска балистичка ракета М51 заврши неуспешно откако ракетата се самоуништи неколкуминути по испукувањето од подморница во заливот Одиерн крај брагот на Бретан, во западна Франција.

Француското МО соопшти дека ракетата немала нуклеарна боева глава. Според Министерството, тоа е прва неуспешна проба од таков вид од 1996 година и се води истрага за причините.

Ракетата М51 минала пет пробни испукувања, по што била одобрена во јули 2010 година. Интерконтиненталната ракета М51 е со висина од 12 метра и максимална тежина од 56 тони и има дострел од околу 8.000 километри.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина