Неуспешен самоубиствен напад на девојче врз џамија во Нигерија

Од:

Девојче на 13-годишна возраст се саморазнесе во неуспешен обид за бомбашки напад врз џамија во големиот северен нигериски град Кано, соопшти локалната полиција.

Во нападот единствена жртва е девојчето и нема други повредени.

Девојчето се саморазнесе на околу 200 метри од џамија „Омар бин Хатаб“ околу 21 часот синоќа. Според очевидци, девојчето ја преминало улицата, по што се случила експлозија.

Според полицијата цел на нападот најверојатно била џамијата, но девојчето предвремено го активирала експлозивот. Целиот регион околу местото на експлозијата бил изолиран поради опасност од серија терористички напади.

Во бранот слични терористички напади минатата недела во Нигерија животот го загубија 200 лица. Само во неделата беа убиени 49 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он