Нетфликс остранува епизода од сатирично шоу по барање на Саудиска Арабија

Од:

Компанијата Нетфликс соопшти дека од интернет платформата за гледање во Саудиска Арабија, е повлечена епизода од шоуто „Патриотски закон со Хасан Минхај“, откако саудиските власти се пожалиле на содржината на програмата.

Во спорната епизода на сатиричната програма е критикувана Саудиска Арабија за убиството на новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Портпаролот на Нетфликс соопшти дека тие силно ги поддржуваат уметничките слободи секаде во светот и оти оваа епизода ќе ја отстранат само во Саудиска Арабија откако примиле приговор од страна на саудиските власти дека не е во согласност со законот на земјата кој се однесува на борбата против кибер криминалот.

Тој додаде и дека отстранувањето на спорната епизода не значи и дека компанијата се согласува со одредбите на законот на кој се повикуваат саудиските власти.

Портпаролот на компанијата Нетфликс нагласи дека епизодата не е отстранета од Јутјуб затоа што барањето на саудиските власти не се однесувало на тој канал.

Би можело да ве интересира

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Вистинската приказна од серијата The Breakthrough: Грозоморното злосторство што ја шокираше Шведска

Катерина Ѓуровски