Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа може да ја „промени историјата“.

Нетанјаху нагласи дека една од неговите цели во војната е да обезбеди Газа повеќе да не претставува закана за Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.

Трамп, вели тој, има поинаква визија за регионот, кој беше „жариште на тероризам и напади врз Израел“.

Израелскиот премиер додаде дека е важно да се обрне внимание на плановите на Трамп и дека тие потенцијално ќе го променат текот на историјата.

Нетанјаху посочи и дека Хамас за време на сегашниот „привремен прекин на огнот“ планира да изврши уште поголем напад од оној на 7 октомври.

Зборувајќи за мирот во регионот, Нетанјаху истакна дека мирот не може да се постигне ако Хамас, кој тој го нарече „токсичен и убиствен“, остане на власт.

Тој додаде дека таргетирањето на уништувањето на оние кои сакаат да го уништат Израел ќе биде клучно за постигнување мир во регионот, вклучувајќи го и мирот со Саудиска Арабија и другите држави.

На тема Иран, Нетанјаху ја поддржа изјавата на Трамп дека Иран не смее да има нуклеарно оружје, додавајќи дека доколку е можно тоа да се постигне преку кампања за „максимален притисок“, тоа треба да се направи.

Трамп рече дека решението за иранското прашање, доколку може да се постигне без војна, ќе биде „огромен успех“, но дека ќе остане да се види како ќе се развива ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Нетанјаху: Хамас ќе биде разоружан на полесен или потежок начин

Смотрич и Бен Гвир бараат од Нетанјаху да го отфрли воспоставувањето палестинска држава

Зетот на Трамп пристигна во Израел, ќе разговара со Нетанјаху за Газа

А1он

Турција издаде налози за апсење на Нетанјаху и уште 36 израелски функционери поради геноцид во Газа

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху нареди итни напади врз Газа

А1он