Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, би го „завршил, а не би го ескалирал“ тековниот конфликт меѓу Израел и Иран.
„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши“, рече Нетанјаху во интервју за ABC, коментирајќи ги медиумските извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил израелскиот план за атентат врз врховниот лидер на Иран, од загриженост дека тоа ќе го ескалира конфликтот.
„Имавме половина век конфликт што го шири овој режим, кој ги тероризира сите на Блискиот Исток, ги бомбардираше нафтените полиња Арамко во Саудиска Арабија, шири тероризам, субверзија и саботажа насекаде. „Вечна војна“ е она што го сака Иран, а тие нè доведуваат до работ на нуклеарна војна. Всушност, она што го прави Израел е спречување на ова, ставање крај на оваа агресија, а ние можеме да го направиме тоа само со соочување со силите на злото, рече Нетанјаху.