Нетанјаху со наредба до министрите од Владата да не коментираат за Сирија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на министрите да не даваат изјави за Сирија и за евентуалните руски оружени испораки за таа држава, јави Израелското радио.

Таа наредба е дадена откако министерот за одбрана Моше Ајалон даде изјава која се смета за закана кон Русија.

– Израел ќе знае што да направи ако Русија испорача С-300 на Сирија, предупреди тој. Според израелски медиуми, Ајалон зазел став за нови израелски воздушни удари врз Сирија.

Москва вчера објави за испорака на ракетните системи С-300 за Дамаск.

– Тие системи може да урнат авиони во време на лет или ракети со далечинско управување.

Тие системи имаат дострел до 300 километри и може да погодат и цивилни авиони над израелскиот аеродром Бен Гурион, тврди израелскиот министер за стратешки прашања Јувал Шајниц.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки