Нетанјаху: Разоружувањето на Хезболах е едно од основните барања во преговорите со Либан

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека прекинот на огнот со Либан претставува „можност за постигнување историски мировен договор“ и нагласи дека разоружувањето на либанската милитантна група Хезболах е едно од основните барања што Израел ќе ги постави во идните преговори со либанската влада.

Нетанјаху во видео обраќање рече дека ги отфрла условите на Хезболах за прекин на огнот – Израел да се повлече од целата либанска територија до меѓународната граница и прекин на огнот во формат „молчење за молчење“, но дека групата сепак се согласила со прекинот на огнот, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека израелските трупи ќе останат во јужен Либан во „безбедносна зона“ длабока 10 километри и додаде дека израелските сили се таму и нема да заминат.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот