Нетанјаху: „Почна копнената инвазија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека втората фаза од војната против Хамас започна синоќа со влегувањето на копнените сили во Појасот Газа.

Тој рече дека целта е да се победи „убиствениот непријател и да се обезбеди „нашето постоење на нашата земја“.

На прес-конференција во Тел Авив, Нетанјаху рече дека воените цели на Израел се јасни, а тоа, како што рече, се „уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас“ и „враќање на заложниците дома“.

Тој додаде дека одлуката за започнување на копнената инвазија е донесена едногласно и кога е во прашање воениот кабинет и кога е во прашање кабинетот за безбедност.

„Нашите команданти и војници кои се борат на непријателска територија знаат дека нацијата и националното раководство стојат зад нив“, рече тој.

Израелскиот премиер рече дека војниците што ги сретнал на терен се решени да „го натераат Хамас да плати за своите постапки“ од 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Тие се решени да го искоренат ова зло од светот, заради нашето постоење и, додавам, за целото човештво“, рече Нетанјаху.

„Во овој момент го подготвуваме целиот фронт – север, центар и југ. Ова ќе биде долга војна. Треба да имаме трпение. Подготвен сум да се уверам дека убијците ќе ја платат цената за масакрот“, рече премиерот на Израел.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел