Нетанјаху побара одложување на судењето за корупција

Од:

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху побара да му се одложи почетокот на судењето за корупција, закажан за 17 март, бидејќи немал пристап до документацијата што ја побарал од судот пред повеќе месеци.

Неговите адвокати изјавија дека тој испратил писмо до судот во Ерусалим барајќи почетокот на судењето да се одложи за 45 дена

Нетанјаху е првиот израелски премиер против кого е покренато обвинение додека се уште се наоѓа на функцијата.

Обвинението за измама, злоупотреба на доверба во три случаи, вклучувајќи и поткуп во еден од нив, во ноември го покрена Врховниот израелски обвинител Авихај Манделблит.

Израелскиот закон не бара премиерот против кого се покрева обвинение да мора да поднесе оставка, но тој нема имунитет од судско гонење.

Премиерот повеќе пати повторува дека нема сторено ништо лошо и дека е жртва на „лов на вештерки“ од обвинителството и медиумите.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа