Нетанјаху: Немаме друг избор освен да го уништиме Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе ги надмине разликите со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и членовите на таа група во Рафа.

„Често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Успеавме да ги надминеме. Се надевам дека ќе успееме да ги надминеме и сега, но ќе го направиме она што треба да го направиме за да ја заштитиме нашата земја“, изјави Нетанјаху во интервјуто за емисијата „Др Фил Прајмтајм“.

Зборувајќи за војната во Газа, Нетанјаху рече дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и членовите на таа група во градот Рафах.

„Ако не ги уништиме, ако ги оставиме, тие ќе се вратат. Ќе излезат од тунелот, повторно ќе ја преземат Газа и ќе го сторат тоа што го ветија, ќе го направат 7 октомври, овој огромен масакр повторно, повторно и повторно“, рече Нетанјаху.

Емисијата во која беше интервјуиран Нетанјаху беше снимена во средата, пред Бајден да предупреди дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку израелската војска започне голема инвазија на Рафах.

Вчера, како одговор на американското предупредување, Нетанјаху изјави дека Израел „ќе стои сам ако треба“. Израел оваа недела го нападна Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци се засолниле од конфликтот во другите делови на Појасот Газа, а Тел Авив рече дека тоа е „ограничена операција“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски