Нетанјаху: Кој убива заложници, не сака договор

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да мирува додека не ги најде одговорните за убиството на шестмината заложници на Хамас чии тела беа пронајдени во Појасот Газа, додавајќи дека „кој убива заложници не сака договор“.

Тој посочи дека Израел е посветен на постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници и зачувување на безбедноста на државата, пренесува Ројтерс.

– Тој што убива заложници не сака договор, изјави израелскиот премиер.

Израелската армија претходно објави дека во тунел во областа Рафа, во Појасот Газа, биле пронајдени телата на шестмината заложници, киднапирани од Хамас на 7 октомври минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он